Логото претставува препознатлив знак на Вашата компанија, производ, бренд.
За жал, многу често се случува да биде искористено лого од друга (светска) компанија. Тоа и не претставува проблем доколку Вашиот бренд е од мали размери, нема своја веб-страна и не е застапен на интернет. Но, што ако еден ден бидете откриени дека сте го (зло)употребиле тоа лого!?!
Доколку сакате Вашата компанија да биде од светски размери, да има бренд препознатлив не само во нашата земја туку и во целиот свет, тогаш потребна е изработка на свое уникатно лого кое ќе ја симболизира Вашата компанија, дејност, продавница, производи, веб-страна и.т.н.
Во зависност од тоа што бара нарачателот, од наједноставно лого со употреба на фонтови, па се до целосен графички дизајн на лого, цената на логоата може да варира.
Целосна нарачка и достава преку интернет, според светски стандарди во најдобрите формати .jpg, .gif, .png, .tif, .psd.